Брус Вилис: Никој не прави кривично дело, затоа што гледал филмови

Од:

Познатиот холивудски актер Брус Вилис, јавно се спротивстави на рестриктивните закони за купување на оружје во САД, со оценка дека тоа би можело да ги наруши правата што на граѓаните на САД им го дава Уставот на таа земја.

Тој во изјавата за Асошиетед прес, ја отфрли поврзаноста на насилните филмови со престрелките кои зачестија во САД во последниве месеци.

– Ако ни земете едно право, или промените еден закон и со тоа го прекршите Уставот, зошто потоа не би сте ни ги зеле сите права, запраша Вилис.

Во интервјуто кое го најавува неговото петто остварување “Умри машки”, кое ќе се најде во американските кино сали на 14. февруари, педесет и седумгодишниот актер вели дека, никој не прави кривично дело, затоа што гледал филмови.

– Никој не снима филмови за некој да полуди и излезе на улица за да пука. Жал ми е за семејствата кои ги загубија своите најблиски и јас сум татко и тоа е трагедија. Но, вие не можете со закон да спречите лудило, а не знам како сето тоа да се запре, рече Вилис.

По трагедијата во училиштето во Конектикат во средината на декември минатата година, кога еден тинејџер уби 26 лица, од кои дваесет деца, започна дебата за построги закони со кои се регулира купување и поседување на огнено оружје.

Администрацијата на претседателот Барак Обама предложи забрана на продажба на автоматски пушки и построги проверки на потенцијалните купувачи, но многу влијателното здружение, Национална асоцијација за оружје (НРА), се противи на предлогот. Вториот амандман на Уставот на САД им дава право на граѓаните на САД да поседуваат и носат оружје.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас