Бритни Спирс се огласи за разводот: Не можев повеќе да ја поднесам болката

Од:

Бритни Спирс проговори за разводот со сопругот Сем Асгари и откри што довело до крајот на љубовта.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели долг текст во кој изјави дека предолго била силна.

“Како што сите знаат, јас и Хесам повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, па малку сум шокиран, но не сум тука да објаснувам зошто затоа што искрено не е ничија работа. Сепак, јас не можев повеќе да ја издржам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријатели кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Инстаграм можеби се чинеше совршен, но далеку е тоа од реалноста и мислам дека сите ние знаеме тоа. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.

Гласините за нивниот развод кружат веќе неколку месеци бидејќи Асгари речиси никогаш не бил дома, а Спирс наводно физички го нападнала. Сепак, гласините сега се потврдени.

Славната двојка се запозна во 2016 година кога Асгари имаше настап во еден од нејзините музички спотови. Тие се верија во септември 2021 година, а се венчаа во јуни минатата година.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“

Нови детали од разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари: „Таа го удираше додека тој спиеше“

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс се разведува по само 14 месеци брак

(ВИДЕО) Се појави снимка: Се гледа како телохранителот на Вембањама ја удира Бритни Спирс