Британското знаме од битката кај Трафалгар ставено на аукција

Од:

Британското знаме „Јунион Џек“, што се веело за време на битката кај Трафалгар од пред повеќе од два века, е ставено за продажба на аукиција.

Веста за продажбата ја објави Артур Кори (49), чие семејство го чувало знамето за кое експертите веруваат дека е едно од последните три кои останале од оваа голема поморска битка.

Кори тврди дека знамето последните четириесетина години било сокриено во еден креденец во замокот Пенлин, близу до местото Каубриџ.

Во изјави за британските медиуми Кори рече дека знамето било развиорено на командниот брод „Левијатан“ од каде адмиралот Хорацио Нелсон раководел со поморската битка.

Се верува дека прославеното знаме се нашло во замокот Пенлин преку еден предок на Кори, кој бил адмирал на британската Кралска морнарица.

Претставник на аукциската фирма која ќе го изврши наддавањето, изјави дека „Јунион Џек“ од времето на Трафалгар би можело да се продаде за 50 илјади фунти.

Битката кај Трафалгар, ’рт на југот од Пиринејскиот Полуострив, се одиграла на 21 октомври 1805 година.

Помалубројната британска флота предводена од Нелсон, успеала да ги порази заедничките поморски сили на Франција и Шпанија.

Нелсон загинал во битката, но неговото вешто командување со британската флота и големата победа направило тој и денес да биде сметан за еден од најголемите војсководци на Велика Британија и третиран како национален херој.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on