Националната архива на Велика Британија неодамна го обелодени документот „Ексерсајз реџенерејт” од 1982 година, кој што всушност е план, според кој би требало да се сочува редот во случај на најлоши можни ситуации, кои би можеле да го погодат општеството.
Научничката Џејн Хог која работела на оваа операција сметала дека логиката, интелигенцијата и способноста да се справуваат со кризните ситуации и пад на моралот, ги прават психопатите идеални лидери во хаосот, кој би настанал по нуклеарен напад.
-Во научните кругови е општоприфатено дека околу еден процент од населението се психопати. Тие не покажуваат никакви психолошки потешкотии во општествата, кои претрпеле големи губитоци, добро се носат со кризата, се сочувствуваат со другите, немаат морален компас и обично се интелигентни -напишала таа.
Според неа единствено решение е пред нападот овие луѓе да бидат одалечени од општеството, додека по напад, во моменти кога се потребни акции, формалните власти би можеле да ги регрутираат, бидејќи би биле мошне вредни соработници.
Според наводите во документот колегите на Хог не го делеле нејзиното мислење, туку било планирано во случај на нуклеарна војна, кралската јахта што е можно поскоро да ги однесе кралицата, принцот Филип и секретарот.
Е. Г.