Британската кралица Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст, ја заслужи почитта на луѓето ширум светот. Меѓутоа, во текот на животот добила и противници.
Една од нив, антимонархистката Жаки Пикет, беше нападната откако вчера отворено ја прослави смртта на кралицата на Фејсбук. Таа објави видео на социјалните мрежи пред сопствениот ресторан за риби и чипс на северот на Шкотска на кој се гледа како ја слави смртта на кралицата, по што беше нападната од соседите.
Таа отвори шампањ и танцуваше додека држеше знак на кој пишуваше „Гуштерот Лиз е мртва, Лондонскиот мост падна“.
Гневната толпа брзо се собрала пред ресторанот и ја исвиркувале и навредувале Пикет.
Според извештаите, кон нејзиниот излог биле фрлани јајца, а била повикана полиција да ја растера толпата. Пикет мораше да го затвори барот поради загриженост за сопствената безбедност.
Оттогаш Пикет го избриша видеото од Фејсбук, но тоа не ги спречи корисниците да се расфрлат со лавина лоши критики за нејзиниот ресторан и да го критикуваат нејзиниот однос кон кралицата.