Бред Пит во најновата адаптација на Жил Верн?

Од:

Бред Пит е првиот избор на режисерот Дејвид Финцер, за главната улога во новата филмска адаптација на „Дваесет илјади милји под морето“, на Жил Верн.

Според пишувањата на филмсото списание „Variety“, Дејвид Финчер во моментов го „убедува“ Пит да се согласи да го игра херојот на научно-фантастичниот роман на Верн, кого во 1954-та година го глумер Кирк Даглас.

Финчер уште од јули, 2010-та година е ангажиран на овој проект кој допрва треба да добие зелено светло од Walt Disney Pictures.

Кога „Variety“ побарало коментар од ПР-от на Бред Пит, одговорот бил нејасен – актерот нема ниту еден потврден ангажман во 2013-та година и во моментот ги разгледува понудените опции.

Неговиот најнов филм „Killing Them Softly” се прикажува низ светските кино-сали од минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата