Богатството на директорот на Епл вреди 625 милиони долари

Од:

Богатството на директорот на Епл, Тим Кук изнесува 625 милиони долари.

Тој е прв човек на чело на некоја компанија кој отворено призна дека е хомосексуалец и кој се наоѓа на листата на Фортуна 500.

Неговиот капитал се зголемувал истовремено со растот на профитот на компанијата. Во 2018 година Епл стана прва американска компанија во историјата чија вредност изнесувала еден трилион долари.

Но во споредба со колегите од технолошкиот свет, Кук е исклучително „сиромашен“. Основачот на Гугл, Лари Пејџ вреди 53 милијарди долари, а основачот на Фејсбук, Марк Закерберг има капитал вреден околу 70 милијарди долари. Директорот на Амазон, Џеф Безос е првиот бизнисмен во современата историја чие богатство вреди над 100 милијарди долари.

За разлика од повеќето, Кук е познат по тоа што не води луксузен животен стил.

– Сакам постојано да се потсетувам од каде доаѓам, а скромниот живот ми помага во тоа, истакна тој, објаснувајќи зошто не живее луксузно согласно својата заработувачка и алудирајќи на своето потекло.

Тој потекнува од скромно семејство од Алабама. Татко му бил работник на бродоградилиште, а мајка му работела во фармација.

Кога бил унапреден на местото генерален директор на Епл во 2011 година, неговата основна плата изнесувала 900.000 долари, а во 2017 година се зголемила на три милиони долари. Покрај платата добивал и готовински бонус согласно развојот на компанијата, кој ги зголемил неговите приходи на 12 милиони долари. Негов најважен капитал се акциите на Епл, вредни 622 милиони долари. Освен тоа, со купување на акции во Најк, вредни 3,4 милиони долари, станал член на Управниот одбор на таа компанија.

Би можело да ве интересира

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он

Епл тужи израелски производител на шпионски софтвер

А1он

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13

А1он