Богата програма за дочекот на новата 2013 година на плоштадот „Македонија“

Од:

Новата 2013 година на плоштадот „Македонија“ ќе биде дочекана со многу забава и музика, како и со традиционален спектакуларен огномет.

Традиционално организираниот дочек на Новата година е во организација на Градот Скопје, со поддршка на Т-Мобиле и Т-Хоме.

Како што соопшти денеска Град Скопје, ќе настапат музички ѕвезди од Македонија, составот Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати македонски диџеј ѕвезди.

Новогодишниот концерт ќе започне во 20 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спетакуларен огномет, овозможен од двете компании.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар