Блекбери претстави нов евтин смартфон Ку 5, наменет првенствено за пазарите во развој. Смартфонот Ку 5 го користи новиот оперативен систем Блекбери 10, а на пазарите во Европа, Азија и Латинска Америка ќе се најде во јули. Се очекува да биде поевтин од моделите Ку 10 и Зет 10.
Компанијата не објави детална спецификација и цена за телефонот на конференцијата Блекбери Лајв во Орландо. Познато е само дека телефонот ќе биде достапен во црна, бела, црвена и розeва боја.
Моделот Ку 5 има физичка Квертутастатура и 3,1 инчен екран осетлив на допир.
– Блекбери го нуди најдоброто со својот оперативен систем Блекбери 10 и Квартутастатурата.
Јасно ни е значењето на тоа уредите да одговараат за сите пазар и потреби на корисниците. Ку5 е лесен и тенок мобилен телефон со високи перформанси, изјави директорот и претседателот на Блекбери , Торстен Хајнс.