Меѓународната фондација „Тоше Проески“ го одобри барањето на општина Богданци за поставување спомен обележје во вид на осветлен стаклен билборд со ликот на Тоше во центарот на Богданци.
Меѓународната фондација „Тоше Проески“ ја поздрави оваа иницијатива на општина Богданци затоа што нејзина основна цел е трајно чување на споменот за Тоше.
Службата за информирање на општина Богданци соопшти дека со овој чин ќе му се оддаде скромна почит на ликот и делото на Тоше Проески и дека истовремено ќе им се излезе во пресрет на барањата на сите граѓани, особено младите, за реализација на иницијативата.