БиХ експертите за ДНК – најдобри на светот

Од:

Водачот на тимот за споредба на ДНК и статистичка обработка на ДНК од ИЦМП Центар за идентификација и координација во Тузла Златан Бајуновиќ, неодамна се врати од Украина. Во таа земја во рамки на тимот на ИЦМП, Интерпол работеше на проценка на состојбата за идентификација на лица настрадани на 7 август во несреќата на малезискиот авион Боинг 777. Означувањето на телата во Осумдневната операција во која учествуваше, било од подготвителен карактер и се однесувало на првата фаза на подготовка на телата на настраданите за нивна конечна идентификација. – Поради околностите во Украина, обемот на настаните, владите на Холандија и Украина се одлучија телата на жртвите на оваа авионска несреќа да бидат префрлени во Холандија.

Телата прво беа дислоцирани во Харков, каде се смести и нашиот тим. Во Харков се вршеше означување на телата и подготовка за нивен транспорт во Холандија. Немаше потреба за отворање на вреќите во кои телата беа спакувани, така немавме увид во нивната физичка состојба. Направено е т.н, допакување на вреќите со телата, како и проверка на евентуално постоење на хемиско-биолошки или експлозивни средства – вели Бајуновиќ.

Додека престојувал во Харков, тимот во кој се наоѓал одработил околу 300 вреќи со посмртните останки на жртвите, што вели, не значи дека тој број одговара и на бројот на жртвите. Инаку, тие денови во Харков престојувале над 50 меѓународни експерти од разни области кои помагале во наоѓање и подготовка за идентификација на жртвите на оваа несреќа.

Бајуновиќ бил единствен експерт од БиХ кој се наоѓал во тимот на ИЦМП во Украина. Тоа беше негова осма светска мисија во која учествувал последните 14 години.

Исклучително почитувани

Со гордост истакнува дека експертите на тимот на ИЦМП од БиХ се почитувани и признати во светот и дека редовно учествуваат во идентификација на жртви на големи светски несреќи. И понатаму, истакнува тој, приоритет им е идентификација на жртвите од последната војна на просторот на поранешна Југославија, но со оглед на искуството и знаењето, редовно се на располагање на сите мисии на ИЦМП во светот.

На местата на сите големи светски несреќи

Првото светско искуство на Златан Бајуновиќ било на Тајланд во 2004 година, по големото цунами, кога исчезнаа околу 5.000 луѓе.

Учествувал и во работата на овој тим на ИЦМП на Филипините по разорниот тајфун во 2008 година, а една година поминал во Либија, каде експерти на ИЦМП, освен идентификација, работеле и на обука на либиски карди. Престојувал и во Кенија по терористичкиот напад на шопинг мол. Минатата година по тајфунот Јоланда повторно се нашол на Филипините.

Дневни Аваз – Сараево

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он