Бетмобил премина по новиот трет мост над Босфор како дел од рекламната кампања на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, соопшти „Хуриер дејли њуз“.
Возилото на Бетмен, кое може да достигне брзина од 100 киломатри на час за само 5,5 секунди, беше донесено во Турција минатиот месец.
Тоа е широко 3,3 метри, долго 6,4 метри, високо два метри и тежи 6,8 тони.
„Туркиш ерлајнс“ е главен спонзор на филмот „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“.
Третиот мост над Босфор, каде може да биде Бетмобилот е со должина од 1,4 километри и ширина од 59 метри, има осум патни ленти и две железнички линии.
Последниот елемент на мостот, вреден три милијарди долари, е поставен на 6 март.
Мостот, кој ги поврзува континентите Европа и Азија над истанбулскиот проток, се очекува да биде пуштен во употреба во текот на наредните месеци.