Бетмен би можел да лета, ама не може да слета

Од:

Истражувањата на аеродинамиката покажале дека еден од најпопуларните светски суперјунаци, Бетмен – човекот лилјак, би можел дури и да лета само со помош на својата наметка, но би претрпел сериозни повреди при слетувањето.

Студентите по физика од универзитетот во Лестер тврдат дека би летал толку брзо што не би го преживеал слетувањето.

Тие сакале да видат дали неговата наметка со ширина од 4.5 метри е доволна да му овозможи лет над Готам. Кога би скокнал од 150 метри висока зграда, би летал околу 350 метри, а брзината би се зголемила на дури 110 км на час, пред да се спушти на константните 80 км/ч. Ударот во земјата при таква брзина не би го преживеал.

Групата од 400 студенти на крајот констатирала дека сепак овој супер јунак со себе би требало да понесе и падобран.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата