„Бермудски триаголник“ кој голта птици

Од:

Сопствениците на гулаби-писмоносци во Велика Британија, имаат причина да веруваат во појавата, која меѓу вљубениците во овој спорт се нарекува „Бермудски триаголник“.

Минатиот викенд само 13 од 232 пуштени гулаби успеаја да стигнат до својата дестинација.

Некои од загубенити птици, чинат, замислете и по 300.000 долари, а се верува дека исчезнале меѓу градовите Тирск, Ветерби и Корсет, на север на Британија.

Некои голубари сметаа, бидејќи ова не се случува прв пат, дека стануза збор за натприродна појава, а други веруваат дека станува збор на невообичаена сончева активност која влијае на магнетните полиња на Земјата и ја попречува ориентацијата на птиците.

Сомнежот падна и на блиската шпионска база Менвит Хил, за која се смета дека пушта необични електронски сигнали од кои гулабите губат компас.

На лицата кои ќе пронајдат осамен гулаб, им се препорачува да ги нахранат со пченка, да им дадат вода и да контактираат со Сојузот на одгледувачи на гулаби во Велика Британија

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија