Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (76) е во врска со дури 49 години помладата Франческа Паскале.
Двојката долго време ја криеше својата љубов, но неодамна решија да почнат да се појавуваат на јавни места, често во друштво со најстарата ќерка на Силвио, Марина (46), која очигледно нема проблеми со избраничката на татко и, пренесуваат италијанските медиуми.
Според нивните наводи, Франческа долго била опседната со Берлускони и по секоја цена се обидувала да му влезе во животот.
Поранешниот италијански премиер инаку е познат по своите сексуални афери и врски со бројни светски убавици, но како изгледа Франческа успеала да го смири.