Тајванската компанија „Бенк“ се враќа на пазарот со два нови ЛТЕ телефони Бенк Ф5 и Бенк Т3.
Моделот Ф5 доаѓа со пет инчен екран со 1.280х720 пиксели, две камери од 13 и 2 мегапиксели, интерна меморија од 8 и 16 гигабајти и квад-кор Снапдрагон 400 процесор со брзина од 1.2 гигахерци и 1 гигабајти РАМ меморија.
Бенк Т3 има ист процесор и РАМ меморија како и поголемиот Бенк Ф5, но доаѓа со 4,5 инчен екран со 960х540 пиксели, две камери од 8 и 0,3 мегапиксели, 4 гигабајти интерна меморија и Андроид 4.4.2. оперативен систем.
Цената на Бенк Ф5 изнесува околу 270 долари, додека Т3 ќе чини околу 235 долари.