Родителите на најмладиот донатор во Велика Британија морале да донесат тешка одлука кога нивното новороденче починало само 100 минути по раѓањето.
Џес Еванс била во 12-та недела од бременоста кога и кажале дека едно од нејзините близнаци има ретко и смртоносно нарушување, кое го спречува развојот на мозокот и черепот.
Еванс и нејзиниот вереник Мајк Холстон дознале дека едно од нивните бебиња ќе биде или мртво родено или ќе почине веднаш по раѓањето.
Меѓутоа оваа двојка одлучила да ги донираат неговите бубрези и срце за да можат други бебиња да бидат спасени.
Теди и Ноа Холстон се родени пред една година, но Теди, и покрај тоа што живеел многу кратко, успеал да го му го спаси животот на еден пациент.
– Живееше и почина како херој. Горди сме на него. Сознанието дека дел од некој што го сакате и понатаму живее, може да ви донесе голема утеха, изјави Холстон.
На Џес и било предложено да абортира, но таа одбила и вели дека „дури и краткиот момент со него бил скапоцен“.