Австралија издвои уште 35 милиони долари за спас на коалите и нивните живеалишта

Од:

Австралија ќе потроши дополнителни 35 милиони долари во следните четири години за да го заштити живеалиштето на коалите и на тој начин да се обиде да го зачува тој загрозен вид, соопшти денеска владата во Канбера.

Овие животни се десеткувани од пожари, болести, а се проценува дека нивниот број се движи од околу 330.000 до максимум 100.000 во дивината.

– Коалите се една од најомилените и најпрепознатливите икони на Австралија. Ние сме посветени на нивно зачувување, изјави премиерот Скот Морисон.

Истражување спроведено од Фондот за зачувување на дивиот свет процени дека повеќе од 60.000 коали угинале, биле повредени или на некој начин оштетени поради пожарите во 2019 и 2020 година.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча