Астрологот Џесика Адамс тврди дека денешниот датум (12.12.2012) ќе предизвика хаос на Интернет и советува пред да почнете да работите сите податоци од компјутерот да ги префрлите на USB картичка.
– На денот 12.12.`12 светот ќе почуствува стрес поради преклопувањето на Меркур и Нептун. Познато е дека Нептун е владетел на мрежите, во кои спаѓа и Интернет мрежата, вели Адамс.
Таа неможеше да прецизира на кој начин хаосот ќе се манифестира, но предупреди дека вреди луѓето да бидат подготвени.
Инаку денешниот датум е значаен и од друга причина. Ова е последниот пат во нашиот живот што ќе видиме три исти броја во датумот. Денеска ќе има многу венчавки, бидејќи голем број двојки веруваат дека синхронизацијата на датумите е показател на просперитет и долговечност.
Адамс предвидува дека по кусото здивнување, хаосот ќе се врати на 21 декември, на денот за кој древните Маи предвидоа крај на светот.
– Тој ден Јупитер ќе биде во близнаци, а тој владее со медиумите па така можат да се очекукваат нови интернет пречки. За тој ден и хакерската група Анонимус најави нови напади, рече Адамс.