Аспиринот го намалува ризикот од меланом

Од:

Постарите жени кои редовно земаат аспирин, но не и слични антиинфламаторни лекови, се изложени на потпросечен ризик да заболат од меланом – најопасниот вид на рак на кожата, укажува една американска студија.

Случаите на меланом во последните децении се во пораст ширум светот, па и во САД. Американското здружение за борба против ракот предвидува дека оваа година во САД ќе бидат дијагностицирани околу 77.000 меланоми, како и дека од тој вид рак ќе починат над 9.000 Американци.

Со 12-годишната студија, со која раководеше Џин Танг од Универзитетот Станфорд, се опфатени речиси 60.000 жени на возраст од 50 до 79 години, кои секоја година пријавувале кои лекови ги земаат, како и новите дијагнози кои евентуално им се поставени.

За време на траењето на студијата кај 548 испитаници, односно под еден отсто, им е дијагностициран меланом. Утврдено е дека оние испитаници кои пријавиле редовно земање аспирин (барем два пати неделно) биле под 21 отсто помал ризик од меланом отколку останатите учеснички во студијата.

Доколку аспиринот редовно се зема во текот на пет и повеќе години, ризикот од меланом се намалувал за дури 30 отсто. Познато е дека аспиринот, како и останатите нестероидни антиифламаторни лекови меѓу кои спаѓаат „ибупрофен“, „напроксен“, „ацетаминофен“, инхибираат извесни протеини кои играат одредена улога во растот на туморите, така што останува нејасно зошто само аспиринот го намалува ризикот од меланом.

МИА

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он