ФОТО: „Арт Ограда“ – од денеска изложена во Карпош

Од:

Изложбата на отворено „Арт Ограда“ составена од 16 големи пано-фотографии од креациите на модните дизајнери-учесници на претстојниот Моден викенд Скопје, од денеска е поставена на оградата на „Архив на Град Скопје“, односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди во општината Карпош. Фотографиите ќе можат да се видат се до 22 ноември.

artOgrada-Sveta Bogova Jovanovska , Stevce Jakimovski, Marija Ilik 1

На отварањето на изложбата која Моден викенд Скопје ја организираше во соработка со Општина Карпош присуствуваше и градоначалникот на општината Стевче Јакимовски како и Бранка Доневска-Најдовска, главниот уредник на „Теа модерна“ , како генерален медиумски покровител на проектот.

artOgrada-stevco

Презентираните креации се на дизајнерите: Лидија Георгиева која во својата креација ја „облече“ актерката Дарја Ризова, актерката Ивана Павлаковиќ во модел на Јована Филиповиќ поддржана од „Bauerfeind“ а за „Le Brand“ во улога на модел се појавува победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија – Јована Василева. Дизајнерката Митковска се фотографираше во модел од својата најнова колекција за „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska “ поддржана од „Nescafe Dolce Gusto“.

artOgrada7

Дизајнерските парчиња ги носат и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо од дизајнерите Ирина Тошева поддржана од „My:Time“, Олгица Ѓоргиева поддржана од „Oxette“, „Mcouture by Mila Kadriu“, Стефанија Насеска, Никола Петровски, Оливера Штакоска, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“, Росица Мршиќ, „Kufer by Andriana Dineva“и модната продавница за детска облека „Софиленд“.

artOgrada5

За изгледот на девојките се погрижи АVON во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ “ и „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“.

artOgrada4

Фотографите се направени на осум локации во Карпош, односно во : ОУ „Јан Амос Коменски“, покрај жардиниерите на булевар Партизански одреди, во паркот „Карпош 3“, плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, на кружниот тек помеѓу улица Париска и улица Варшавска, во дворот на црквата „Св. Пантелејмон“, пред зградата на булевар Партизански одреди бр. 59 (поранешен „Мал одмор“) и платото „Млечен ресторан“.

artOgrada3

Фотографиите ги направија Марко Маркоски, Стефан Николовски и двоецот „Ани и Дими“.

artOgrada2 artOgrada1 artOgrada

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on