Аргентинските палеонтолози се во потрага по најголемиот череп од диносаурус во светот. Во Патагонија имаат пронајдено диносаурус со големина колку 14 слонови.
Научниците од палеонтолошкиот музеј Еџидио Перуљо од Трелеј, пронашле фосилизирани коски од тревојади со тежина од 80 тони.
– По само 30 проценти од ископувањето, веќе имаме 200 фосилни остатоци, а планираме да ископуваме уште две до три години, се надеваме дека ќе го пронајдеме черепот или барем дел од него, рече Хозе Луис Карбаљидо, истражувач од Националниот научно-истражувачки совет и шеф на тимот кој пред три години открија остатоци на сауропод.
Фосилизираните коски од диносауруси кои беа пронајдени во Ла Флек, минатата недела се изложени во музејот во Трелеј, таму секој може да ја види нивната импресивност. Овој музеј се наоѓа 260 км одалечено од местото во кое се пронајдени коските.
Бедрената коска долга 2,40 метри во дијаметар претставува вистинска атракција, секој посетител има фотографија со неа. Животното со долг врат и опаш било долго околу 40 метри, велат експертите.
– Ние работиме бавно, професионално, вели истражувачот само со мистрија и метла и четки, без хидролокатор и други модерни технологии.
Палеонтолозите планираат да ја продолжат нивната работа во септември кога ќе пристигне пролетта во јужната хемисфера.
Палеонтологот Алехандро Отеро вели дека од главата на диносаурусот имаат само еден остаток – заб, се уште го немаат вратот но имаат дел од коските од опашот. Тој пресметал дека черепот би требало да биде најмалку еден метар долг. На истото место недалеку од остатоците кои се пронајдени од тревоjaдите, се пронајдени и 70 заби од диносауруси-месојатци како и фосилизирани дрвја и лисја.
– Тоа ќе овозможи да се реконструира животната средина и екосистемот во кој живееле, вели Отеро и додава дека тоа е „среќно изненадување“.
За прехрана на тревојадецот од 80 тони неопходна била бујна вегетација која расте брзо, вели Алехандро и укажува дека Патагонија е сега огромна пустинска рамнина помеѓу Андите и Атлантикот.