Анџелина Џоли е новото заштитно лице во последната рекламна кампања на парфемите Мон Герлан.
Холивудската ѕвезда е веќе во петтата деценија од животот, но се уште воодушевува, овојпат и во својата нова улога, како лице на парфемот „Флорал“ во фотографиите на Том Мунро.
Мирисот е опишан како цветна мешавина со ноти на лаванда, бергамот, перуника и божур.