Анџелина Џоли: Светот да им помогне на бегалците

Од:

Холивудската актерка Анџелина Џоли ја повика меѓународната заедница повеќе да им помогне на бегалците, јавува Фена.

Добитничката на Оскар и специјален пратеник на УНХЦР Анџелина Џоли вчера, на Светскиот ден на бегалците, го посети бегалскиот камп Мартдин во Турција, заедно со шефот на оваа агенција Антонио Гутереш.

Тие имаа средба и со турскиот претседател Реџеп таип Ердоган.

– Овде сме од едноставна причина: овој регион е епицентар на глобална криза. Треба тоа да го наречеме со вистинското име: не само „бегалска криза“, туку криза на глобалната безбедност и управување, која се манифестира како најлошата бегалска криза кога и да е – и време на масовно исселување, рече Џоли.

– Мојата прва порака е дека е време луѓето да ја почитуваат ситуацијата на бегалците и да ја сфатат нејзината вредност. Мораме да ги заштитиме, да вложуваме во нив. Тие не се проблем, тие се дел од решението на светската криза, нагласи Џоли.

Таа исто така и се заблагодари на Турција, и на другите земји, кои ги прифатија бегалците.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он