Amazon стартуваше со својата валута

Од:

Аmazon ја стартуваше употребата на својата виртуелна валута, Amazon Coin, со делење на 500 кованици во вредност од 5 долари во реалниот свет на сите корисници на Kindle Fire, објави Enter.

Корисниците сега може да ги користат „монетите“ за купување на апликации, игри и разни додатоци на Amazon Appstore и Kindle Fire.

Цената нa 100 виртуелни монети е 1 долар, но доколку корисникот сака да купи наеднаш 5000, односно 10000 виртуелни кованици, тогаш добива 10 отсто попуст или плаќа 45 и 90 долари.

Amazon Coin беше најавен уште во февруари годинава, а услугата е достапна сега за сега само во САД. Со тек на време би требало да бидат воведени и нови начини за трошење на виртуелните пари, истакнуваат од Amazon.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници