Компанијата „Амазон“ веќе подолго време сака да влезе на пазарот на „паметни“ телефон, а од самиот почеток да бидат конкурентни подготвени се на иновативни концепти.
Според некои најави, „Амазон“ би требало да претстави телефон кој ќе се натпреварува со водечките апарати на компаниите „Епл“, „Самсунг“ и ХТЦ. Иако нема официјални податоци за харверот, речиси сите најавуваат дека овој смартфон ќе има екран со можност за прикажување 3Д содржини.
Исто така, овој апарат ќе има дури четири предни камери кои ќе служат да ги следат очите на корисникот, со цел прикажувањето на 3Д содржината да биде поавтентично.
Цената на телефонот се уште не е објавена, но во продажба би требало да се појави кон крајот на следниот месец.