Алкохоличарите во просек живеат 20 години пократко од луѓето кои не се зависници од алкохол, утврдила 14-годишната студија на германскиот Универзитет Греифсвалд, спроведена на 149 алкохоличари на возраст од 18 до 64 години.
Претераното консумирање алкохол убива побрзо од пушењето, а посебно се загрозени жените , пишува „Дејли меил“.
Смртноста кај жените зависни од алкохол е 4.6 пати поголема отколку кај луѓето кои не пијат, додека пак кај мажите таа стапка е 2.6 пати пониска. Испитаниците во просек умреле на 60 години, а мажите на 58 што значи дека животниот век им се скратил за 20 години, потврдила студијата.
– За разлика од цигарите, последиците од претераното консумирање алкохол се видливи порано. Токму затоа алкохолот предизвикува порано смрт отколку цигарите. Освен тоа алкохолот придонесува ризично однесување и ризик од нагло дебелеење – истакнал водителот на истражувањата Улрих Џон.