Италијанските еколошки активисти денеска фрлија супа од грашок врз сликата на Винсент ван Гог „Сејачот“ на изложба во Рим, а потоа ја залепија за ѕидот со лепак.
Акцијата ја спроведоа четири жени од групата „Последна генерација“, која се бори против глобалното затоплување и употребата на фосилни горива, пренесе „Ројтерс“.
„Тие прашања за затоплувањето и фосилните горива треба да бидат на насловните страници на информативните канали и тема на политички теми секоја минута, но тие се споменуваат само кога има „скандалозни“ акции како денешните“, се вели во соопштението на групата.