21. мото – рели „Македонија“ по повод Денот на независнота

Од:

Започна 21. мото – рели во Македонија кое се одржува по повод утрешниот празник Денот на независноста на Македонија, 8. септември.

Околу 300 мотоциклисти од повеќе клубови од земјава и регионот тргнаа од плоштадот „Македонија“ во Скопје, поминувајќи преку порта „Македонија“.

Според планот тие годинава ќе поминат неколку километри помалку од другите години за да имаат повеќе време за меѓусебно дружење.

Вечерва пристигаат во Кавадарци, каде што ќе ја поминат ноќва, а потоа продолжуваат до Охрид.

Во недела, 9. септември предвидено е да се вратат во Скопје од каде што тргнаа.

Гостите на релито, сами си ги покриваат трошоците околу горивото, а за се останато ќе се погрижи МФМ.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска