Зурабишвили: Отворањето на прегорите на С. Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија како што е вашето членство во НАТО

Од:

Членството на Северна Македонија во НАТО е многу силен сигнал дека вратата на Алијансата е навистина отворена и дека не се работи само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување со ЕУ, што исто така ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива.

Ова го изјави претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Северна Македонија, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домачин претседателот Стево Пендаровски.

-Ние видовме дека С Македонија во минатото надмина една таква пречка, би рекла посесриозна пречка на нејзниот пат кон членството во НАТО. Убедена сум дека на истиот начин С Македонија ќе биде во можност да ја надмине и пречкката со која во моментов се соочува. Ние малите земји кои во минатото сме покажале издржливост, сме се соочиле со многу историски настани во изминатите векови, со инвазии, окупации, научивме дека треба да се биде отпорен, да се биде тврдоглав, да го знаете правецот во кој одите. Ние малите земји сме оптимисти бидејќи гледаме резултати. За нас Грузија резултат што С Македонија го постигна со членството во НАТО е многу силен сигнал дека врата на Алијансата е навистина отворена и дека не станува само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Во исто време се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување , што ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива, рече грузиската претседателка на новинарско прашање како ја коментира пречката со која се соочува Скопје на патот кон ЕУ.

Претседателот Пендаровски запрашан за неговиот став во однос на изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји за раздвојување на Скопје и Тирана на евроинтегртивниот пат, рече дека не би сакал да ја коментира, но според впечатокот ос средбата што ја имал со него во Брисел, смета дека Вархеји на тоа гледа како на потенцијална можност ако спорот со Бугарија се одолговлекува со години слично како со спорот со Грција.

-Ве уверувам дека во мојот разговор со него и во моите разговори во Брисел од пред 10-тина дена, апсолутно на ниту едно ниво, од ниту еден мој согорник не ми беше поставено тоа прашање – што мислиме за евентуално раздвојување од Р Албанија. Сите буквално сите, и во Советот и во Комисијата и во одделните департменти особено оној за проширување не разслуваат за раздвојување туку сите напори, сите сили се фокусирани кон тоа до крајот на оваа година да се одржи првата Меѓувладина конференција, вели претседателот Пендаровски посочувајќи и на денешната посета на премиерот Заев во Брисел.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска