Македонија е веројатно единствена држава во која збирот на издадените лични карти плус пасоши е помал од бројот на издадените партиски членски книшки. Ако вака потрае, очекувам и „детски партиски книшки“ на благонадежни партиски кадровици. Сето тоа е како резултат на воспоставената „демократска“ власт во државата. Без партиска книшка не ти вреди ниту диплома, ниту знаење ниту способноста. Единствен критериум за опстанок и преживување е партиско членство, и тоа не во било која партија. Треба и тоа грижливо да одбереш.
Ако си за големи игри – ВМРО ДПМНЕ, ако си да те вработат или да не те чепкаат, партии – сателити на владеачката ДПМНЕ, а ако си статиста, тогаш една од оние времено употребливи само за избори – СДПМ или СДУ, како проверени, и после тоа во зимски сон, заштитен како мечка.
Во Октомври 2011 година ни се случи неуспешна статистичка операција викана, демогравски попис, која имаше за цел, како организирано прибирање на разни податоци за население , да ја покаже реално состојбата и структурата на населението во државата. Но по десет дена попишување односно на пет дена пред завршување, комисија дава оставка, пописот се прекинува, резултати дотогаш сработеноти нема, а владеачката партија застанува зад тоа и по кратка постапка во Парламентот случајот го затвора.
Но во јавноста останаа шпекулации од што тоа владеачката гарнитура се исплаши по одработените две третини од пописнiте материјали. Едно е сигурно, резултатите беа погубни за владеачката гарнитура и истите мораа да се спалат.
Во април истата 2011 година, пред вонредните Парламентарни избори, Груевски излезе со следното писмо до неговото членство и пошироко; „Изборите на 5 јуни ќе означат крај на ерата на транзиција и приватизација, на општествен грабеж, на зголемување на невработеноста и сиромаштијата, на неразјаснети атентати и убиства. На 5 јуни ќе заврши, еднаш и засекогаш, ерата на Бранко Црвенковски“. Дали треба да пишувам сега, дека од оваа јасно се глрда што ветил, а сите знаеме што сработил. Целата омраза кон Бранко поминува во патолошка форма, а за волја на вистинита, Бранко не е светец, ама сигурно е голем демократ и човек со визија, борејки се само за вистинските вредности на граѓанското општество, а тоа е демократски да се добие власт но и демократски да се владее за време на мандатот.
По Претседателските избори во 2010 година професорот Љубомир Фрчковски излезе со коментар; „Господ нека ни е на помош на сите“ ама сега после хаосот во Парламентот што се случи на 24.декември 2012 незнам кого да викаме нa помош. Претседател на државата кој по своја функција е најповикана личност во случај на големи несогласувања на политичка сцена, да истрча и го гасне политичкиот пожар, тој се сокри во резиденција и чекаше партиски упатства како да реагира, Е мој претседателе, кој те излажа дека те биднува за таа позиција. Што не остана таму каде што беше, што прифати вазалска должност, ќе беше многу покорисен и за државата и за твоето семејство да останеше професор на факултет.
А вчерашното превземање на министерската фотеља во Министерство за одбрана од страна на човек кој не сакаше да ји изговори пораката која му беше напишана во текстот за свечената церемонијата на примопредавање на функцијата, „да живее Армијата на Република Македонија“, за да веднаш потоа на официјалниот сајт на својата партија ДУИ се појави со вистината ‘‘ УЧК на чело на АРМ“.
Се разоткриа до крај патриотските намери на актуелната власт, како мисли во иднина да не брани, се откри федерализација на Македонија на „мала врата“.
И во соседната Бугарија,членка на Европска Унија, се случиа немири само заради поскапувањето на струјата, и замислете, власта ги слушна граѓаните и Влада даде оставка до Собрание пред кое одговара.
Кај нас од 24 декември минатат година па до денес маса незадоволни граѓани се на улица, низ цела држава, ама самобендисаната власт не го забележа тоа движење наречено ОТПОР, кое впрочем не е чисто партиско туку и граѓанско, и не само што немисли да даде оставка, туку планира како повторно да ја затегне контролата на власт на сите нивоа, по онаа народна „кучињата си лајат а караванот си врви“. Кај нас Парламентот е во служба на Владата и таа го контролира, а не обрнато, како што треба да биде.
Во оваа сегашна комплицирана ситуација, едно е кристално јасно; актуелната власт која посакува едноумие и која истото го практицира во изминатите седум гиодини, постепено стегајки ги обрачите околу заговорниците за слободна мисла и изразување, за демократски вредности за владеење на право подеднако на сите нивоа, до крај ќе се бори да ја задржи власта во свои раце со сите сретства, дозволени и недозволени, од едноставна причина; стравв од одговорноста за несовесно, лажно и криминално владеење во изминатиот период, во кој се испраа многу пари собрани од сиромашните и напатените граѓани, кои живеат во надеж дека еден ден Ќе станеме европска држава.
А зошто обичниот граѓанин во огромен број е определен за нашето евроатлантско интегрирање? Затоа што тогаш сегашните партиски книшки ќе изгубат на тежината што сега ја имаат, затоа што правосудството, сакало или не, мора да стане независно, или ќе имаме на кого да се жалиме, затоа што економијата, или поточно кажано, резултатите од економијата ќе одредуваат каква политика ќе водиме, а не обрнато, затоа што Претседател на државата ќе ги брани интересите на сите граѓани, а не да спроведува партиска политика, затоа што легалното ќе мора да има и легитимитет, затоа што граѓаните ја прифатиа демократијата како основно начело за организирање на целокупниот систем, и од тоа бегање нема. И конечно, затоа што досега демократијата секаде победила, па истото ќе се случи и кај нас. Дотогаш ОТПОР на ненардна и недемократска власт, со верба во ДЕМОКРАТСКА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА.
Мирослав Трлин, член на ЦО на НСД