Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Од:

Аристотел ја разликувал реториката од беседата. Тој сметал дека реториката се занимавала со изнаоѓање на најдобри средства за убедување и нејзината основна задача не е само да се убеди плебсот, туку „теоретската способност да се најде најубедлив епитет и начин во секој даден случај“. Значи, беседата е самата вештина на уверување, додека реториката има задача да ги идентификува најсоодветните начини за убедување на слушателите и да дава совети за тоа како да се постигне тоа.

dobivaj vesti na viber

Дали ние сме се запрашале како нација, дали сакаме да не убедат или да не разубедат? Дали имаме кратка меморија па можеме се да заборавиме низ што поминавме и што се најдовме после тој десет годишен помор кој ни се случуваше токму нам? Па мислам дека јас лично не можам ни ден денеска да заборавам ниту еден ден низ кој што поминавме сите ние заедно а ниту тоа што го затекнавме како темно наследство. Повикано е на помирување, да повикано е ама еднострано, некој сака некој не сака. Говорам за тоа што некој сака да оди напред но некој упорно сака назад. Се сетив на приказната за Македонскиот казан во пеколот, само тој казан немал чувари и кога еден од тамошните запрашал зошто само тој казан нема чувари како сите други, добил најточен одговор.

На македонскиот казан не му требаат чувари, ако некој проба да излезе од казанот веднаш другите го тегнат назад.

Тажно, но вистинито што токму тој пекол и казан ни се случува тука и сега во овој тежок период. Институциите почнаа да одат во вистински правец и да се стабилизираат но некој од внатре пак повторно ем ровари ем не придонесува.

Правда мора да има, да земеме пример од развиените држави каде постојат санкции и тоа најригорозни за оние кои не допринесуваат за работата и кои саботираат.

Саботери кај нас колку сакаш. Работници малку. Некои нации жртвувале цели генерации за да иднината и идните им поколенија живеат во благодет, а кај нас брат со брат не живеат и се разделуваат, сфатив дека тоа е нашата темна страна нашето проклетство кое сметам дека треба да му ставиме крај. Е да се навратам на реториката, изборен период, кампањи насекаде, некој брутално искрени некој тотални бурлески и гафови. Од една страна луѓе кои сакаат напред од друга страна луѓе кои сакаат упорно назад. Бре што ни се случува нам ама ич не можам да си разјаснам. Ај ќе се потрудам да направам своја лична поделба и ќе речам, едната страна се реторичари, а другата се беседисти.

Најбогатата партија во Европа направи донациска сметка и кажа дека банкротира? Вистинито или невистинито? Сон или јаве? Просјаци или магионичари?

Дали пак се повторува истата приказна за илузијата што беше наметната десет години во нашево државиче? Аман бе филозофи аман еднаш да имавте аргументи и факти, а не голи рекла казала зборови. Па не сме на панаѓур па да се мајтапиме. Хјустон ДРПНЕ се слушаме ли? Абе нели вие зборевте дека сме „ракета на годината“? Сега одеднаш после вас потоп пак сме биле на дното?

Се насмеав и ќе се смеам ама не на вас како филозофски демагози, а недозреани политичари туку ми е јад за народот кој стои зад вас па ви верува. Жалосно како е и тоа возможно? Еј нашата економија тргна напред, а со научниците од ДРПНЕ тапкавме во место дури вашите идоли се товареа, вие народе мој живеевте во мизерија за 200 евра правевте се, се што ќе ви беше наредено и збор не смеевте да гукнете. Социјални мрежи? Повишен глас? Еј луѓе мисловна именка еј мрак тотален страв, црнила и јад. Е сега транспарентно општество па секој може се да си каже ама баш се и да не му се може ништо, Епа така не е во ред, треба да си се знаат правата и слободите на сите, демократија добивме, слобода добивме но ред мора да има. Се што беше ветено по промената на власта ќе си го исчекаме затоа што мандатот сеуште трае. Нема ни две години а прашања безброј.

Резултати има, но копрофазите се тука пак да ве убедуваат на најбрутален начин дека ништо не чини ништо не оди напред се стои, е драги мои тоа е наследството на мисловната умствена матрица која ни ја наметнаа диктаторите. Каде е сега најголемиот диктатор а?

Епа не е тука, не е рамо до рамо со вас баш поради тоа што не му е гајле за вас си го собра кајмакот ви ја удри клоцата и сега си ужива. Е тој да си го чувате, штом обожавате садо мазо моменти така и треба да трпите. Мала парафраза и доза на театралност на траги комедијта што ни се случуваше. Сакам убава иднина за нашите деца, сакам стабилност, мир и благосостојба затоа верувам и сакам да чекориме сите заедно раме до раме и да остане се онаа што не беше во ред да остане во минатото. Да станеме земја и народ сплотен кој нема да се интересира кој е кој туку да сме задоволни на секој начин да нема невработеност да нема сиромаштија да си ги школуваме децата и да поставиме нов пат нови корени ама цврсти и прави.

Онаа за кое сакам да се изборам и сакам да го кажам е да поставувањето на работите во позитивна насока бидат и момент кој ќе го направи нашиот народ здрав, да баш тоа, физички здрав неоптеретен со проблеми и со состојби кои можат да му го загрозат здравјето. Здраствениот систем постојано секој ден се менува и се стреми да стане самоодржлив, не на штета на граѓанинот туку напротив во наша корист, систем кој ќе ни даде здравствена услуга од врвен терк. Слушам постојано се набљудува баш овој сегмент и се запрашав , зошто кога има позитивни промени било каде во државата во овој сегмент не се кажува на нашиот народ, туку само црна хроника е нај топ тема.

Мислам дека одговор имам, имено ни се направи филмот цела декада на РАКЕТА НА ГОДИНАТА читај ИЛУЗИЈА на годината и сега сакаме пак да ни се случи веднаш и одма се. Епа мој народе ќе сум оптимист и ќе ви кажам првин дека се се прави да овој сегмент биде навистина тој здравствен систем што сите ние го посакуваме но и треба да ви се каже и вистината дека здравството се наследи со огромна пештера која сега сите сплотено ја полниме за да стигнеме на некое равниште , не е лесно но сепак ќе се повторам има време и сите нешта ќе дојдат на свое место.

Учиме да проодиме после фрактурите и раните кои ги задобивме во минатото. Уште еден момент сакам да го напомнам, досотинството на медицинскиот персонал се враќа на своето место, од покачување на платите до статусот и интегритетот кој го заслужуваме како оние кои го чуваат здравјето на нашите граѓани. Ветеното ќе си пристигне бидејќи ЗБОРОТ Е ЗБОР. Од сите страни пристигаат совети и помош, се црпат нови искуства од врвни здраствени системи, врвни професори доаѓаат да не обучат, полека го достигнуваме нивото на кое сакаме да сме како здравствен систем и како врвни здравствени работници но ќе речам нешто на кое цврсто стојам се качуваме стабилно но РЕД МОРА ДА ИМА.

Болниците се реконструираат, модернизираат, апаратите застарени и покриени се менуваат со нови, се воведоа нови вакцини, се реформира примарната здраствена заштита се прави се за децата со специјални потреби за децата и пациентите со ретки болести, се чека почетокот на градбата на новиот клниники центар и уште многу нешта. Некој го гледаат и знаат некој не ни сакаат да зборуваат намерно за тоа, бидејќи сето тоа не им оди во прилог.

Ама зошто? Мене никогаш нема да ми е јасно. Синдром, патологија што ли да е мора да го снема. Знаеме дека ако клечиме 10 минути и одеднаш пробаме нагло да се исправиме тоа ќе има последици, замислете здравството клечеше 10 години и ќе сватите како е и што е.

Сакам да сите ние како корисници на здраствените услуги укажуваме само на работи кои навистина заслужуваат критика, лакеи колку сакате, коњи за трка малку, посочете со добро намерна критика за да тоа веднаш биде санирано, сепак граѓанинот е коректор и корисник на здраствените услуги но се што ќе биде навремено дијагностицирано може да се реши без последици. Не постои совршенство но мора да има навремена но добро намерна забележка. За тој што има век има и лек рекле старите, сите ние од фелата сакаме да веруваме дека ние сме ја добиле задачата да воспоставиме нешто цврсто во здравствениот систем за да останеме запомнети од генерациите што следат и да си ги задржиме наследниците тука и да им дадеме верба во светлата иднита и да нашиот граѓанин е здрав и работо способен и спремен да допринесе за нашето општество и за државата, тоа е остварливо само со реален самоодржлив здравствен систем.

Acta Non Verba-Дела, не зборови.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска

Никола, биди човек и кажи им на своите дека ги предаде по теркот на Тупурковски

Ана Ололовска