Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Од:

Дождот не намокри, намокри се , дури и Вардар го излеа. Направи прочистување ама какво? Здравството мора да биде прочистено и тоа темелно. Болната вистина на едно тероризирано општество, општество во кое не манипулираа и заблудуваа цели 11 години. Па да почнеме од таа болна вистина која се вика здравство.

dobivaj vesti na viber

Критикувате, а основа немате, бидејќи вие сте креаторите на целата хорор ситуација во која ние се најдовме после вашиот помор или поточно наречен ПОТОП. Надвор врне, а цели подруми и болници поплавени? Точно е ова или не е? Надвор врне, а вие во вашите набилдани домови се топлите додека системите за греење на болниците не работаат како треба? Паѓаат плочки и ѕидови, а вие викавте дека сте ги направиле. Процентите што ги земавте за што ги употребивте?

Јас лично сакам да лекувам, сакам да работам на апарати кои се во функција, сакам да помагам на секој што ќе дојде и ќе побара помош. Сакам вистински едуцирани лекари, а не туристи, сакам апарати во функција, а не покриени со чаршафи. Сакам донации од добротворите ама искористени во насока правилна, а не непотребна, ви го пишувам оваа за да знаете дека се се знаеше и се се виде што се правело сите овие години. Напишав што сакам, а не сакам болни пациенти кои ги шетаат од шалтер до шалтер, не сакам неоперирани дечиња кои поради немање финансии или недостаток на специјализиран кадар се во немоќ и заборав отфрлени.Несакам болка не сакам тага. За се има решение, апсолутно за се.

Зарем досега не ви беше важен овој момент што го наведувам? Што ви беше друго поважно ве прашувам. Моето делување и апелирање не е политичко и за мене е небитно, за вас очигледно беше светиња и го поделивте народот, жалосно. Така не требало. Треба секој пред нас посебно пред нас лекарите сите да се исти без разлика на што се и кој се. Ние им даваме здравје и затоа сме ја дале заклетвата. Епа вака, клопчето почна да се одмотува и сето тоа не води директно до главните и одговорните виновници за целиот хаос кој вие сте го создале. Зборувате за некој си квази теми за во рок од 6 месеци од вашето заминување дека е ПОТОП е да ПОТОП е вие го подготвивте и создадовте.

Велите дека имало ГОЛГОТА, да ГОЛГОТА 11 години и не средена од вас, ја оставивте за да мислите дека ќе продолжите со вашиот безмилосен рекет. Зошто овие 11 години не го средивте здравството и се што е дел на тој систем, зошто? Сите болници се во бескрајни долгови, долгови направени се со една цел вие да се збогатите и да барате за вас процент и за партијата, најбогатата криминална партија на сите времиња . Така наречените големи лекарски стручњаци, почнаа да се откажуваат од своите пациенти , демек не можело без нив, сакаат пак да земаат од фирмите кои ги рекетираа.

Добро аман до каде мислевте дека можете? Колку лекови, хормони, апаратура и што уште не фрливте во Дрисла? Сите ваши досегашни дубиози и недостатоци веќе се исчешлани и заслужувате да одговарате спрема законите на Република Македонија. Заслужуваме и на нас.. НАИВНИТЕ и ЛЕКОВРНИТЕ да ни кажете и објасните зошто, бидејќи сите ние го плаќаме постојано здравствениот придонес. Луѓе, нелуѓе зарем не знаевте дека на лагата, нозете се кратки?

Ги повикувам сите надлежни институции да се вклучат комплетно во истрагата за се што недостасува во нашиот здравствен систем, за се што се сомневавме и за се што докажавме преку надлежните органи и ревизии.Финансиското работење на големите бивши здравствени директори кои 11 години ровареа да се предмет на финансиската полиција и сите вештачки создадени квази здруженија да ги прочешла Управата за јавни приходи да се види се каде и како се испрани парите од кои вие станавте газди и од кои плаќавте сендвичи на оние кои ги употребувавте за се.

Се е листопадно само образот е вечен. Сега новите лекари менаџери кои влегоа во оваа бездна се чесни и свесни луѓе и само така ќе сме на вистинскиот пат. Образот ако е чист, чист и ќе остане се останато треба да се стави на ѕидот на срамот и на зидот на правдата. Како за крај на моето обраќање, како лекар сакам да апелирам и да резимирам со една битна работа. Ако дечињата ни се најсветото нешто, сите лекарства кои беа внесени и се со сомнително потекло и се давани на нашето потомство и на нашиот народ, треба да процениме дали мислите дека се работи за луѓе, нелуѓе кои ни нанеле непроценилива штета и дали треба да одговараат најстрого? Колку семејства пропатија заради тоа?

Граѓанину, место да киснеш за профитери кои имаат милијарди стечени на маката и на мизеријата на Македонскиот народ излези и казни ги тие што системски не труеја и не уништуваа овие изминати годнини, покажи дека знаеш да казниш крвник кој ни нанесе најголемо зло и на идните поколенија.

Казни ги најостро, а заблудените, просветли ги како што треба, дури и ако треба лекарска помош и надзор обезбеди им, избегани се но и тие чеда заслужуваат помош каква што доликува. Сепак сме социјална држава заклучно Уставот на Република Македонија.

Оваа влада и структура има план има задачи и има начин да етапно ги решава сите досега создадени проблеми и тоа решавање чекор по чекор а и ние дадовме збор дека ќе се направи се за да тргнеме напред и да ги осудиме злосторниците и да пациентите и народот бидат задоволни и пак како за крај ЗБОРОТ Е ЗБОР, а тој треба да го исполниме и да докажеме дека Хипократовата заклетва е праведна и служи на овој напатен народ а не е парче хартија обесена на sид која се користеше како декор.

Др. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска

Никола, биди човек и кажи им на своите дека ги предаде по теркот на Тупурковски

Ана Ололовска