Зошто Горанчо Младеновски?

Од:

Во овие 20 години во плуралистичка Крива Паланка имало и има секакви политичари, успешни и неуспешни, политичари што направиле нешто и политичари што ништо не направиле.

Имало и сега има квази политичари во нашиот град, кои само ги интересирало и ги интересира сопствената моќ и егзистенција, не ги интересира ни малце паланечкиот народ.

Политичари кои кога ќе се удомат во фотељата забораваат на се, па дури на своите фамилии и блиски пријатели, се грижат само за паушалот и моќта, ама баш за ништо друго не се грижзт. Никогаш во Крива Паланка немало некоја личност што ќе ги обедини граѓаните и ќе биде почитувана од сите.

Но затоа СЕГА имаме среќа што конечно имаме ќе кажам човек и граѓанин, а не класичен политичар зад кој сите дворучно може да застанеме и да се гордеме и да кажуваме на идните поколенија дека сме живееле во неговото време и дека сме биле негови подржувачи.

Драги сограѓани тоа е ГОРАНЧО МЛАДЕНОВСКИ. Велам човек, а не класичен политичар бидејќи јас Горанчо не го познавам како политичар (а го познавам многу одамна), туку го познавам како човек и граѓанин кој нема никаква дамка направено на своето име и името на своето семејство. Горанчо е човекот со кој треба сите да се гордеме.

Тој е синомин за чесен, угледен човек, одговорен, амбизиозен, човек со изграден интегритет, секогаш мотивиран да помогне на секого, тој ги почитува постарите, ги цени младите, тој е пример за сите генерации. Горанчо е одличен сопруг, татко, син, брат, пријател, колега, претпоставен, човек на кој може да се потпреш во секој момент.

Тој е вљубеник во музиката со има музичка душа. Горанчо зрачи со својата харизма и љубов, сите го сакаат и почитуваат.

Горанчо како еден од првенците на својата генерација на Медицински студии се изградува како голем професионалец и човек кој знае како да се снаоѓа во оваа многу захтевна и одговорна професија и како да се однесува со пациентите со почит и разбирање.

Се определува за професијата гинеколог, бидејќи и неговиот татко бил лекар-гинеколог, кој е успешен, чесен, ценет и почитуван од сите граѓани на Крива Паланка. Горанчо продолжува да ја извршува оваа професија со уште поголем успех. Горанчо е голем професионалец, си ја сака својата племенита професија, па дури и сега кога е во најголем тек на кампањата, тој не се откажува од своите драги пациентки и секојдневно им служи, без да се пожали дека му е тешко.

НЕКОИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ГОРАНЧО БИДЕЈЌИ ЌЕ СМЕ ГО ИЗГУБИЛЕ КАКО ГИНЕКОЛОГ, ЈАС ВЕЛАМ АКО НЕ СЕ ГЛАСА ЗА ГОРАНЧО ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ КРИВА ПАЛАНКА.

Горанчо Младеновски е вистинскиот човек за татко на градот, тој е човек од народ и за народот, Горанчо со својот карактер ќе ја дигне нашата Општина од оваа летаргичност и безпреспективност.

Горанчо има визија како Крива Паланка да ја направи модерна и европска општина, општина во која ќе има еднаква можност за сите, општина која ќе биде посакувано место за живеење, каде што преспективата и желбата за подобра иднина ќе бидат нашата реалност. Горанчо со својата племенита професија на многумина им има дадено шанса за живот, сега е ред на нас, ние да му дадеме нему шанса да ни подари подобра иднина на нас и на нашите деца.

Крива Паланка да биде модерна, по европски терк уредена општина, општина со модерна и современа инфраструктура, општина во која нема да постојат горливите проблеми со водоснабдувањето и непостоењето на канализациона мрежа во поедини урбани подрачја, кои што во современи услови, се незамисливи како такви. Крива Паланка под водство на Горанчо ќе биде модерна општина, во која ќе се проектира и планира изградба на патишта, сообраќајници, модерно уредени паркови и зеленило, детски игралишта и спортски терени. Горанчо од Крива Паланка ќе направи модерна и развиена општина, која што ќе биде препознатлива туристичка дестинација, со развиени селски, планински и спортски туризам, со богато културно наследство.

Горанчо реши да се кандидира за Градоначалник, бидејќи ја сака Крива Паланка со сета негова душа и срце и не сака да гледа како неговиот и нашиот роден град пропаѓа и изумира, без ништо да се преземе. Горанчо не е човек кој се бори за фотеља, егзистенција и моќ. Горанчо нема да дозволи работите сами да си течат, а тој да биде само нем набљудувач, како одредени поединци во минатото кои доаѓаа и мислеа само на сопствените интереси. Горанчо Младеноски е вистински лидер, вистинскиот лидер не создава проблеми, вистинскиот лидер нуди решенија на проблемите.

Граѓани на Крива Паланка не смееме да ја пропуштиме оваа подадена рака од Горанчо Младеновски со која сака да ни создаде подобра иднина, да ни создаде услови да живееме подостоинствено и попреспективно. Да имаме иднина за нас и нашите деца.

Поради сето ова мора на 24 Март да излеземе и да му дадеме подршка на човекот кој за првпат во историјата ќе не обедини сите, без разлика на партиска припадност, вера и пол, млади или стари. Паланчани да бидеме еднаш сплотени и да застанеме заедно зад најдобрата личност што можела да и се случи на Крива Паланка.

ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ ГОРАНЧО МЛАДЕНОВСКИ
ДА ИЗБЕРЕМЕ ИДНИНА СЕГА!
ВРЕМЕ Е!

Зоран Анѓеловски, дипломиран правник

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска