А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗОО: Не умира никакво коњче, Анима Мунди пласира невистини

by А1он04/03/2016 - 19:3104/03/2016 - 20:00176
Share0

Во медиумите беше пласирана шпекулација дека поради негрижа, умира коњче во Зоолошката градина во Скопје.

Добивај вести на вибер

„Би сакал да ве информирам дека оваа вест не е точна. Во Зоолошката градина нема мртво коњче, напротив, денеска Скопската ЗОО доби принова, откако се породи бремената кобила. На фотографијата може да се забележи, коњче кое лежи на земја, но воопшто не станува збор за мртво или болно животно, туку коњче кое се одмара во близина на штотуку породената мајка“- изјави Дане Кузмановски портпаролот на Зоолошката градина во Скопје.

Кузмановски вели дека не е првпат да бидат пласирани невистини од страна на Здружението за заштита на животните Анима мунди.

„Тие невистини ги користи да не обвини за негрижа. Претходно, не обвинија дека неправилно сме ја лечеле лавицата, а всушност стануваше збор за тешка болест- канцер. Тимот на Зоолошката градина во последниве неколку години покажа извонредна грижливост за животните и комплетно го промени ликот на Зоолошката градина, подобрувајќи ги условите во кои опстојуваат животните, а притоа создавајќи и пријатен амбиент за посетителите. Во моментов се работи на збогатување на Зоолошката градина со нови животни, за кои се подготвуваат комплетно нови живеалишта. Токму сето ова, допринесе нашата Зоолошка градина да се етаблира меѓу најдобрите на Балканот“ вели Кузмановски.

zoo

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ27/11/2023 - 20:3127/11/2023 - 21:42

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он31/07/2023 - 12:0631/07/2023 - 12:10

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

Горан Наумовски06/08/2022 - 09:07

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска29/05/2021 - 09:1829/05/2021 - 09:22

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Ана Ололовска25/02/2021 - 11:0125/02/2021 - 11:26

Галетановски со опомена пред тужба за Попова откако го поврза со директорот на „Улици и Патишта“ и кокаинот

Ана Ололовска21/08/2020 - 14:3821/08/2020 - 17:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен