ЗНМ згрозено од оставката на уредникот на Дневник поради цензура

Од:

Здружението на новинари на Македонија е згрозено од информациите дека главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Дневник“, Зоран Андоновски, поднел оставка од функцијата поради цензурирана информација која требало да се најде, но од засега непознати причини не се нашла на страниците на весникот.ЗНМ ја поддржува одлуката на Зоран Андоновски да даде оставка од функцијата главен и одговорен уредник, но бара објаснување од издавачот Медиа Принт Македонија (МПМ) што точно се случило.

„ЗНМ е запрепастено од информациите дека се случува ваков регрес на новинарските права и слободи во време кога е постигнат напредок во медиумската сфера со донесување на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда со што практично се декриминализираше клеветата.ЗНМ за овој случај ќе ги извести релевантните домашни и меѓународни институции и ќе бара целосно разрешување на случајот. Апелираме дека најостро ќе се спротивставиме на секаков обид за цензура на информации кои ги засегаат македонските граѓани.ЗНМ воедно бара поддршка од целата новинарска фела во обидот да се избориме за своите уставно загарантирани права и слободи со цел непречено и професионално да ги извршуваме професионалните задачи“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Андоновски, вели,  оставката ја поднел од професионални причини, бидејќи не можел да го води  весникот како што  сметал дека е потребно. Во новинарските кругови, веќе неколку месеци се шпекулираше дека Андоновски не се согласува со уредувачката политика.Според информациите од новинари од весникот, чашата ја прелеало повлекувањето на текст за штрајкот на лекарите од повисоки структури.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува