ЗНМ: Власта притиска новинари да се зачленуваат во МАН

Од:

Здружението на новинарите на Македонија реагира дека власта со притисоци врз сопствениците на регионалните медиуми во Македонија сака новинарите да се зачленат во Македонската асоцијација на новинари.

-Од регионалните центри на ЗНМ во Битола, Струмица и Штип сме известени дека сопствениците на неколку регионални медиуми бараат од новинарите да потпишат пристапница на Македонската асоцијација на новинари (МАН). Новинарите биле условени да го сторат тоа, во спротивно сопствениците им се заканиле дека ќе ги отпуштат. Објаснувањето на сите сопственици коишто го вршат овој притисок врз новинарите е дека тоа мора да го прават зошто се уценети со реклами, реагираат од ЗНМ.

-Сметаме дека овие форми на притисок претставуваат груба злоупотреба на моќта на јавните функционери со кои имаат за цел да ги заплашуваат новинарите и директно ги кршат основните човекови права, правото на слободно здружување и слободата на изразување.

-Ги повикуваме членовите на ЗНМ да не потклекнат на ваквите притисоци, а од претставниците на локалната и централната власт бараме веднаш да престанат со ваквите непримерни однесувања. Доколку овој вид на притисок против медиумите и новинарите не престане ќе покажат дека намерата на власта не е да ги решат проблемите со слободата на медиумите туку и да ја контролира слободата на здружување на новинарите.

-Владата очигледно има проблем со позициите на ЗНМ во врска со слободата на изразувањето и Нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни услуги.

-Нашето здружение, во рамките на јавните дебати, но исто така и на неформални средби одржани со високи владини претставници, инвестира огромни конструктивни напори за заеднички да се подобри текстот на нацрт-законот за медиуми, постојано повторувајќи ги нашите препораки коишто се во согласност со оценките и анализите на Советот на Европа и ОБСЕ. Затоа ги суспендираме сите контакти со властите сѐ додека не престанат притисоците врз новинарите, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите