ЗНМ: Уште една отфрлена тужба на Левица кон новинари

Од:

Основниот граѓански суд Скопје како првостепен парничен суд донесе решение со кое тужбата на тужителот Политичката партија „ЛЕВИЦА”, против тужените Друштво за дигитални медиуми Онлајн Медија ДОО Скопје и Предраг Петровиќ, ја отфрли како ненавремена.

„Ова решение следи по претходно доставената тужба до судот од страна на политичката партија „ЛЕВИЦА“ на 20.02.2021 година во која се наведува дека онлајн медиумот ,,А1on.mk” на 07.12.2020 објавил текст со наслов: ,,Апасиев молчи за парите кои следуваат на Левица, не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа”.

На ваквиот новинарски текст реагирале од политичката партија ЛЕВИЦА со што доставиле барање за демант а истиот бил објавен од страна на медиумот. Незадоволни од демантот, политичката партија „ЛЕВИЦА“ поднела тужба против наведениот медиум и главен уредник меѓутоа судот со решение таквата тужба ја отфрли како ненавремена од причина што политичката партија „ЛЕВИЦА“ не го испочитувала законскиот рок од 30 дена за поднесување на ваков вид на тужби, односно истата тужба била задоцнета.

Инаку, минатиот месец претседателот на политичката партија „ЛЕВИЦА“, Димитар Апасиев изгуби кривичен спор кој го иницираше против колешката Мери Јордановска за претходно објавен текст.

Овој вид на тужби служат да се предизвика заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените, во случајов на новинари со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он