А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Новинарски имиња во трка за МРТ и АВМУ, здруженијата бараат деблокирање на реформите

by А1он12/07/2019 - 11:5912/07/2019 - 12:31493
Share0

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ги повикаа претседателот и членовите на собраниската Комисија за избори и именување да го почнат процесот за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Конкурсот беше отворен во јануари годинава, а одлуката за избор на членовите на двете тела требаше да се случи веднаш по претседателските избори.

БИРН веќе објави дека десетина познати новинари и медиумски работници, неколку професори и двајца поранешни лустратори се дел од вкупно 28 лица што се пријавиле на конкурсот за седумте места во новиот состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од новинарската фела, кандидати се поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, уредничката на телевизија Телма, Сања Васиќ, новинарот Љубиша Николовски, уредникот на радиоемисијата Стадион на Канал 77 радио, Стојанче Наумов – Столе, како и уредникот на Алфа ТВ Љупчо Цветановски, некогашниот директор на ТВ Канал 5+ и претседател на поранешното еснафското здружение на национални телевизии АПЕММ, Виктор Грозданов, како и сопственикот на порталот Фактор, Александар Манев и актуелниот член на Советот на АМВУ, новинарот Зоран Фиданоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кандидати се и медиумските експерти Климе Бабунски, Снежана Трпевска и Сефер Тахири.

За програмскиот совет на МРТ, според БИРН, има 19 претенденти за 13 места.

Меѓу нив се и уредникот на порталот „Сакам да кажам“ и основач на весникот „Вест“, Горан Михајловски, новинарката и поранешна дописничка за Франс прес од државава, Јасмина Миронски и новинарот Веле Митаноски. Меѓу кандидатите е и историчарот на уметноста, Златко Теодосиевски, кој во деведесеттите години беше и заменик-министер за култура.

ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ во заедничко соопштение наведуваат дека се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членовите. Истакнуваат дека секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата.

– Укажуваме дека Владата, Парламентот, но и сите политички чинители имаат одговорност сериозно да пристапат кон овој процес и да се стават над партиските интереси за да се спречат понатамошни штети во медиумскиот сектор, стои во соопштението.

Од изборот на членовите во овие тела, посочуваат, директно зависат долгоочекуваните системски промени во медиумската сфера, што треба да овозможат медиумите да работат независно и професионално.

– Потсетуваме дека медиумските реформи се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската Комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Од друга страна се очекува транспарентен и правичен избор на членовите на двете тела врз основа на нивната стручност, се вели во соопштението.

mediumi

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

Предраг Петровиќ15/05/2026 - 16:49

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:07

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Горан Наумовски03/05/2026 - 11:05

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 10:35

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Горан Наумовски09/04/2026 - 17:11

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 08:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто