ЗНМ: Полицијата се постави во улога на цензор

Од:

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува однесувањето на полициските службеници кон новинарите на НОВА, Слободна Европа и Фокус Сашка Цветковска, Марија Митевска и Мери Јордановска, кои завчера известуваа од протестите во Ѓорче Петров

„Вршење притисок за бришење на видео и фото материјали од страна на полицијата преставува директно прекршување на членот 16 од Уставот со кој се забранува цензурата и се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Со ваквото однесување полицијата ги спречи новинарите да известуваат за настанот и се стави во улога на цензор кој решава што смее а што не да види македонската јавност.

Протестите секогаш се настани од јавен интерес и јавноста има право да знае што се случува за време на протестите, дали има повредени, дали има уништување на јавен и приватен имот, но и дали евентуално полицијата ги пречекорила овластувањата и употребила прекумерна сила. Инцидентот уредно е пријавен во Секторот за внатрешна контрола на МВР и ЗНМ очекува полиција да го расветли случајот, да ги открие одговорните и соодветно да ги казни. Со тоа ќе спречи во иднина да се повтори ваквото неприфатливо однесување на полицијата“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“