ЗНМ и ЗНС: Не го екстрадирајте Зоран Божиновски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Здружението на новинарите на Србија (ЗНС) бараат од министерот за правда на Република Србија, Никола Селјаковиќ, да не дозволи екстрадирање на новинарот Зоран Божиновски во Република Македонија.

ЗНМ и ЗНС се загрижени што Божиновски ја чека одлуката за екстрадиција во есктрадициониот притвор и по истекот на законскиот рок од четири месеци, како и поради обвинувањата за шпионирање и злосторничко здружување со кое го товари Македонија.

ЗНМ и ЗНС стравуваат дека Зоран Божиновски во Македонија ќе нема фер судење и истакнуваат дека и Република Србија, со евентуалната одлука за екстрадиција би се компромитирала себеси пред меѓународните демократски институции.

ЗНМ и ЗНС истакнуваат дека екстрадицијата на Божиновски би била лоша порака за другите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот, и дека Република Србија со одлука за давање политички азил на Зоран Божиновски би покажала дека го почитува правото на заштита на новинарската професија и на слободата на изразување.

Делегација од двете здруженија во средата, 21 мај, го посети Божиновски во затворот во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски