ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон „А1он“

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на дрскиот однос на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи кон новинарите на „А1он“. Министерката упати демант до редакцијата полн со обвинувања и клевети поради текст со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ објавен од медиумот.

Мизрахи со измислени деманти врши притисок врз А1он и ги навредува новинарите

„Во реакцијата, Мизрахи го обвинува медиумот за објавување на тенденциозен текст, полн со невистини и шпекулации, но таа суштински не ја демантира веста туку го квалификува и етикетира самиот медиум, изразувајќи несогласување со уредувачката политика и начинот на којшто е пласирана веста. Дополнително, таа го обвинува порталот дека е на иста линија со политичката партија СДСМ, којашто дента имала соопштение на темата. Притоа, Мизрахи користи речник недоличен за еден министер, кој може да се разбере и како обид за вршење притисок врз медиумот и воведување на самозензура“, пишува во реакцијата.

„ЗНМ и СЕММ остануваат на апелот до јавните функционери, а особено до претставниците на Владата, да се воздржат од етикетирања и неосновани деманти што на кој било начин можат да бидат протолкувани како закани и обид за влијание врз уредувачката политика на самите медиуми“.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје