ЗНМ и Новинарскиот синдикат го осудија нападот врз екипата на „Ал Џазира“ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат денешниот напад врз новинарската екипа на Ал Џазира и бараат од МВР да го санкционира напаѓачот, за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

На протестот кој денеска во центарот на Скопје го организираше ВМРО ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од телевизијата Ал Џазира беа нападнати и попречени во вршење на своите професионални новинарски обврски. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум се, непознатото лице имало физички контакт со нив, по што го турнало микрофонот на новинарката.

Новинарката Смилевска веднаш го пријавила инцидентот на службеник од МВР на самото место, по што лицето било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите е неприфатливо во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат, во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните, велат од ЗНМ и ССНМ.

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски