ЗНМ го осуди приведувањето на снимателите пред Судот

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го осудува приведувањето на снимателот од ТВ 21 Ибрахим Махмути и фоторепортерот од Косово Бљерим Ука за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Дива населба“.

Според ЗНМ, поразително е што ваквиот тежок атак врз слободата на медиумите се случува на 2 ноември, Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за насилството врз новинари.

– Ваквиот однос на институциите е целосно неприфатлив и има за цел да ги заплаши новинарите и да поттикне самоцензура кога известуваат за одредени судски постапки, стои во реакцијата на ЗНМ.

ЗНМ најавува дека ќе поднесе претставка до МВР за неоправданото шестчасовно задржување на колегите во полициска станица без да им се даде можност да ја известат редакцијата и нивните семејства дека се приведени. Очекуваат полицијата сериозно да го истражи овој инцидент и да изрече соодветни санкции.

– Само со отворен дијалог на новинарите со одговорните институции, ќе се промени лошата пракса за неказнување на насилството врз новинари, наведуваат во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски