ЗНМ бара одговорност за наредбодателот за грубо отстранување на новинари

Од:

Здружението на новинари поднесе претставка до министерството на внатрешни работи, Народниот правобранител и до Собранието за да се испита и да се покрене одговорност за тоа кој завчера нареди насилно отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала.е Ова смета ЗНМ потег рамен на цензура.

Здружението бара да се утврди идентитетот на лицата од собраниските служби, по што ќе поднесат и кривична пријава.

Вчера собраниските служби соопштија дека новинарите не биле со сила изнесени и влечени од собраниската галерија туку биле замолени да ја напуштат . Наредба, соопштија немало од претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, туку одлуката да се испразни галеријата била на собраниското обезбедување.

Инцидентот со новинарите остро беше осуден од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Жалење за инцидентот со новинарите изразија претседателот Иванов и премиерот Груевски кој посочи одговорите кој и како довел до тоа, да се побараат во парламентот.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции