„ЗНАМ – За наша Македонија“ в четврток ќе го објави предлог-кандидатот за претседател на претстојните избори

Од:

Првиот Конгрес на партијата „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, предводена од актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се одржи в четврток, каде се очекува да се донесат одлуки за претседател на партијата, нејзиниот статут, членови на Централниот и Надзорниот одбор, како и утврдување на предлог-кандидат за претседател на претстојните избори.

– После потпишувањето на иницијативата за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија, во месец ноември се одржа основачко собрание на партијата каде се избра привремено раководство кое ќе фунцкионира сѐ до одржувањето на првиот Конгрес. За в.д. претседател беше избран Максим Димитриевски, рече портпаролот на „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, Никола Мемов.

Посочи дека ставот на партијата е на претстојните избори да излезе самостојно, но како што рече, конечната одлука ќе ја донесат делегатите на првиот Конгрес.

Мемов не прецизираше дали и со кои политички партии од албанскиот блок би коалицирале, вели во моментов се утврдува функционирањето на партијата пред изборите, а за пост-изборно коалицирање рече ќе се разговара после изборите.

– Сега сме во момент каде што разговараме за функционирање на партијата пред изборите, а за пост-изборна коалиција ќе разговараме после изборите, рече Мемов.

Претходно на брифинг со новинарите од претседателот на „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, Максим Димитриевски информираше дека партијата ќе излезе со свои кандидатски листи за пратеници во сите шест изборни единици, како и со свој кандидат за претседател на државата.

Политичкиот субјект е позициониран во центарот, посочи Димитриевски, доколку пак, во делот на социјалните политики партијата ќе се движи кон лево, бидејќи како што рече, Македонија е социјална држава, со социјално општество, каде оние кои што имаат повеќе треба да издвојат повеќе, за да може да се избалансира односот во социјалните средини.

Првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија ќе се одржи во хотелот Хилтон Дабл Три во Скопје, со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Димитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално можно коалицирање со власта

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни и го избраа својот нов претседател

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата