ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

Од:

Довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница кадешто загинаа 14 невини лица,криминалната набавка на вакцини во времето на КОВИД кризата, случајот во
клиниката за Онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на
измените на Кривичниот Законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев, денеска предлага КОНЦЕПТ за НОВ општествен дијалог во
Македонија, реагираат од ЗНАМ.

Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата ЗАЕВ во претходните 8 години го промовираше концептот Едно
општество за СИТЕ, едно за Вицето.

Од тие причини, СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за
Македонија овој момент.

Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение.

Дали самопрогласениот лидер на опозиција со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка
маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија, велат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати