ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Од:

Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема намера да одговара на вештачки креирани теми за прифаќање на мигранти од Велика Британија, со основна цел создавање на паника помеѓу граѓаните на Македонија. Официјален демант дадоа сите релевантни институции во државата на чело со Премиерот дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти и изградба на мигрантски кампови, се вели во соопштениетод ЗНАМ.

– Ставот на Движењето ЗНАМ во однос на ова прашање е на линија со ставот на Владата, дека нема простор за прафаќање на мигранти во Македонија. СДСМ во тотална немоќ, обезглавена без раководство, само со еден функционер во смисла на Султан партија, раководена од центарот во Струмица и менторот Зоран Заев, бара начини и теми како да биде минимум присутна во јавноста со надеж да го задржи и она малку членство и поддржувачи што остана од неа.

Очигледен е стравот кај поранешни државни функционери и претенденти за нови функции во СДСМ од поднесените кривични пријави за сторена злоупотреба на службената положба, па по секоја цена отвораат безсмилени теми и апокалиптични сценарија за колапс на државата и финансискиот систем, за немање пари за исплата на пензии, плати, социјална помош, поврат на ДДВ и сл. Само криминогени умови кои размислуваат за својот политички спас може да генерираат вакви политики. Резултатот на овие политики на Венко Филипче е секојдневниот одлив на партиското членство на СДСМ и нивните поддржувачи, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово