Зијадин Села обвини за притисок од власта со учество на високи функционери

Од:

Победникот во градоначалничката трка во Струга, Зијадин Села од ДПА, обвини дека власта вршела притисок врз гласачите за да му помогне на неговиот противкандидат, Владимир Кочовски.

– Им благодарам на граѓаните на Струга, на сите тие што на мирен, демократски и цивилизиран начин се изјаснија за тоа кој да биде нивни градоначалник. Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Струга без разлика на нивната етничка, политичка и верска припадност -изјави кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села, пренесува Телма.

Истовремено, тој изрази негодување за, како што рече, притисокот што институциите го вршеле врз граѓаните. Тој обвини дека во Октиси на денот на изборите неосновано бил притворен набљудувач, а 20-годишен жител на селото бил малтретиран од специјалци пред неговата мајка. Села ги обвини институциите за обид за фалсификување на изборите во Струга преку скенирање на гласачки ливчиња во четири избирачки места, каде набљудувачи биле високи функцинери на ВМРО ДПМНЕ и претставници на власта.

– Сакам да го нагласам и притисокот кој беше извршен во сите гласачки места каде беа присутни високи функционери од власта, кои наместо да се грижат за фер и демократски избари, тие беа главните причинители за сите проблеми кои се случуваа во Струга. Сакам да му се заблагодарам уште еднаш на народот што го почитуваше законот и излезе да гласа на фер и демократки начин. Од друга страна институциите кои требаше да се грижат да има фер и демкратски процес беа на страна на злото и не им мислеа добро на граѓаните на Струга – изјави Села.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он