Зибери прогласи убедлива победа на концептот за „прв премиер Албанец“

Од:

Албанскиот кандидат за премиер од партијата ДУИ, Насер Зибери на прес-конференцијата во седиштето на партијата изјави дека тие издвоиле убедлива победа во повеќе изборни единици низ државата.

„Резултатите велат дека имаме убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните делови како Ресен, Битола, Струга и Дебар, до Лојане на север. Сега чекаме официјални резултати од ДИК да се претворат во мандати, зошто мандатите ќе се утврдуваат врз основа на степенот на гласање“, рече кандидатот за македонски премиер, Зибери.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите во моментот, со оглед дека и ДИК има проблеми околу објавување на информациите, воедно тој не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

„Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа општество каде секој граѓанин треба да има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во свој дом“, рече тој.

Зибери додаде дека идните преговори за формирање на нова Влада ќе бидат водени од лидерот на партијата, Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис